17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска шема ќе ги гарантира депозитите во банкарската унија на ЕУ

Европска шема ќе ги гарантира депозитите во банкарската унија на ЕУ

ECB shows disposition to reactivate bonds buying

До крајот на годината Европската комисија ќе подготви предлог за заедничка шема, која ќе ги гарантира депозитите, како дел од мерките за финализирање на банкарската унија во ЕУ. Ова стана јасно од претставувањето на мерките за стабилизирање на економската и монетарната унија на заедницата.

Новата шема ќе осигура дека граѓаните можат да бидат сигурни во безбедноста на своите депозити, без оглед на нивната географска локација. Комисијата ќе предложи систем кој се базира на реосигурување, кој ќе ги зачува националните шеми на земјите членки.

Пакетот предвидува уште и „смирување“ на застапеноста на еврозоната во меѓународните организации, а особено во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и мерки за натамошно намалување на ризикот во банкарскиот систем.

ЕК ќе создаде независен консултативен Европски фискален совет кој ќе го оценува спроведувањето на фискалната рамка на ЕУ и да обезбедува мислења за идната фискална позиција, соодветна за еврозоната како целина.

Мерките беа претставени од комесарот задолжен за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис, дополнуваат од прес-центарот на ЕК.

„Европската економска и монетарна унија има потреба од стабилна основа, не на последно место, за да е издржлива при идните шокови и за да ги издржи светските предизвици со кои се соочуваме“, рече тој за време на презентација.

Предвидувањата на ЕК се економскиот и монетарен совет да биде целосно финализиран најдоцна во 2025-та година. Дотогаш сите граѓани на заедницата ќе уживаат во единствената валута и ќе бидат исполнети сите пропишани мерки.

Постигнувањето на фер Економски и монетарен совет беше еден од приоритетите наведени од Жан-Клод Јункер во почетокот на неговиот мандат на чело на ЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП