20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на Boeing во третиот квартал

Скокна профитот на Boeing во третиот квартал

boeing-787-dreamliner

Американскиот производител на авиони Boeing во третиот квартал оставри скок на заработката благодарение на големиот обем на испорака, па така неговиот нето профит е за една четвртина поголем.

Приходите во тој период поранале за 8,7 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 25,85 милијарди долари, а нето профитот скокнал за 25,1 проценти на 1,70 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Заработката по акција во три месеци, заклучно со септември, пораснала за 33 проценти на 2,50 долари.

„Благодарение на големиот број на нарачки, бележиме силен раст на приходите, заработката и текот на пари. Солидните резултати во секторите за комерцијални и воени авиони го поддржаа континуираното инвестирање во иновациите и нашите вработени, како и нашата посветеност за враќање на парите на акционерите“, изјави извршниот директор на компанијата Денис Миленбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП