28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува помала рецесија од предвидената

Грција очекува помала рецесија од предвидената

grcija soluce3

Грчкиот заменик министер за финансии Јоргос Чулијаракис вчера, при расправата во парламентот за нацрт-буџетот за 2016 година, изрази оптимизам во поглед на фискалните показатели, наведувајќи дека тие ќе бидат подобри и дека тоа на владата ќе и пружи прилика да редистрибуира средства за социјалните намени.

Според Чулијаракис, за 2015 година се очекува дека падот на бруто домашниот производ (БДП) ќе изнесува 1,4 проценти, додека претходно прогнозираниот пад изнесуваше 2,3 проценти, пренесува агенцијата АНА.

За идната година се проценува дека рецесијата ќе изнесува минус 1,3 проценти, а не минус 1,5 проценти, како што беше првично предвидено, наведува грчката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП