ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон најави речиси 40 милијарди фунти од договорите со Кина

Камерон најави речиси 40 милијарди фунти од договорите со Кина

kameron-ksi

Британскиот премиер Дејвид Камерон во средата го поздрави потпишувањето на голем број договори со вкупна вредност од околу 40 милијарди фунти, или околу 50 милијарди евра, за време на официјалната посета на кинескиот претседател Кси Џинпинг на Велика Британија.

„Договорите потпишани за време на оваа посета го засилуваат партнерството кое се развива“, рече Камерон пред кинеските и британските инвеститори.

Камерон зборуваше за договорите за нафта и гас на нафтениот гигант BP за околу 12 милијарди фунти и за основањето на сестринската компанија на фирмата Carnival за 2,6 милијарди фунти за Ролс-Ројс.

Кина се обврзала да финансира третина од износот за нуклеарна централа што ќе ја гради француската компанија EDF во Велика Британија за вкупно 18 милијарди фунти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП