17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Гази Баба ја одбележа 204-тата годишнина од раѓањето на Франц Лист

Општина Гази Баба ја одбележа 204-тата годишнина од раѓањето на Франц Лист

franc-list

Општина Гази Баба по повод 204-тата годишнина од раѓањето на унгарскиот композитор Франц Лист, во паркот во н.Триангла, постави спомен плоча во негова чест, бидејќи во оваа населба една улица е именувана во чест на овој голем уметник.

Пред присутните гости свое обраќање имаа градоначалникот Тони Трајковски, амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија д-р Јожеф Бенце и претседателот на здружението на унгарците во Република Македонија, Јожеф Шутуш, а гостин на настанот беше познатиот унгарски космонаут.

На настанот се зборуваше за животот и делата на композиторот франц Лист, а во музичкиот дел настап имаше ученик од ОУ „Крсте Мисирков“, кој отсвири една композиција на кларинет.

За време на настанот, присутните можеа да проследат мала изложба, а и да пробаат од унгарските пијалоци и храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП