6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на австриската компанија „Текспорт“ во Општина Илинден

Почна изградбата на австриската компанија „Текспорт“ во Општина Илинден

teksport 33

Во локалната економска зона „Марино-Кадино“, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник за почеток со градба на нов стопански објект на австриската компанија од областа на текстилната индустрија „Текспорт“.

Камен темелникот го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.

Компанијата „Текспорт“ од Австрија којашто се занимава со производство на заштитна облека, во Општина Илинден почна да гради фабрика на површина од 5.000 метри квадратни. Според инвеститорите, вкупната инвестиција изнесува повеќе од 4 милиони евра, при што ќе се отворат 450 до 500 нови работни места.

„Денеска сме посебно радосни и среќни затоа што знаеме дека „Текспорт“, како странска директна инвестиција, ќе донесе нови технологии, ќе усвои нови практики, ќе пренесе многу знаење, и според најавите на инвеститорот отворање на повеќе од 450 нови слободни работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот“, рече градоначалникот Стојановски.

Притоа, тој истакна дека е горд што компанијата „Текспорт“ станува дел од големото бизнис семејство на Општина Илинден, особено што станува збор за една од поголемите инвестиции, но и за компанија која што како темел го има семејниот бизнис.

Отмар Шнајдер рече дека „Текспорт“ е производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот. Притоа, тој додаде дека инвестицијата во Општина Илинден е најголемата инвестиција на компанијата „Текспорт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП