5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските залихи ја спуштија цената на нафтата

Американските залихи ја спуштија цената на нафтата

nafta bareli2

Значителниот раст на американските залихи ја спушти цената на нафтата на светските берзи, со оглед дека ја поттикна загриженоста дека побарувачката нема да биде доволно силна за да го апсорбира вишокот во снабдувањето.

На лондонската берза цената на барелот падна 30 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,41 долар. На американската берза со барелот се тргува по 65 центи пониска цена, од 45,64 долари.

Американскиот институт за нафта (API) во вторникот извести дека американските комерцијални залихи на сирова нафта во минатата недела скокнале за 7,1 милион барели. Економските аналитичари кои ги анкетираше Reuters очекуваа помал раст.

Зголеменото снабдување од водечките држави-производители и истовремено забавување на побарувачката од економиите во развој ја преполовија цената на нафтата во изминатата година. Засега нема сигнали дека овој тренд би можел да се промени поради што се поголеми шансите цената на нафтата да падне отколку да крене по нагорна линија, сметаат аналитичарите.

„Присутен е ризик на натамошен пад на цените, со оглед на прекумерната снабденост на пазарот“, констатира Тамаш Варга од  PVM Oil Associates.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барелот нејзина нафта во вторникот изнесуваше 43,87 долари, што значи дека паднала за 1,5 долар во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП