14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска покраина покрена тужба поради исчезнување на досието Volkswagen

Германска покраина покрена тужба поради исчезнување на досието Volkswagen

Volkswagen-Group-11

Германската покраина Долна Саксонија поднесе кривична пријава откако било откриено дека исчезна досието на Volkswagen поврзан со скандалот со софтверот што мамеше на тестовите за емисија на гас.

Анке Перксен, портпаролка на владата на Долна Саксонија, рече дека во досието имало и интерни белешки на владата за скандалот и дека последен пат било видено на 9-ти октомври во петок, а исчезнувањето било откриено во понеделник.

Покраината Долна Саксонија е малцински акционер во Volkswagen и нејзиниот гувернер е член на Надзорниот одбор компанија. Перксен нагласи дека вработените биле испитани, но засега нема никакви конкретни резултати од истрагата.

Volkswagen ја изнајми американската независна компанија Jones Day да спроведе истрага за скандалот. Истовремено обвинителството во Брауншвајг истражува кој е одговорен за скандалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП