17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДипломирање на првата генерација студенти на Њу Менс Бизнис Акцелераторот и старт...

Дипломирање на првата генерација студенти на Њу Менс Бизнис Акцелераторот и старт на новата генерација со гостин во областа на иновации и претприемништо од светски ранг

bbb

По повод отпочнувањето на Cloud Академиите на NewMan’s Бизнис Акцелераторот 2015/16   на  20 октомври 2015  (вторник) во Синеплекс (City Mall) со почеток од  12:30 часот  се одржa свечено отварање на академијата и обраќање на еден од најеминентните лица во светското претприемништво, Гери Вајтхил.

aab

Во рамки на настанот поздравно обраќање имаше  Ирена Чаушевска, основач и генерален менаџер на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, која во својот говор истакна“Живееме во регион каде најголем дел на институциите се создадени во друга ера – креирани да ја загушат страста за учење на нови работи и храброста за превземање на ризици во име на предвидливоста и функционалноста, но страста и храброста ги водат луѓето да отвараат и прифаќаат нови можности и да учат побрзо за да остварат поголемо влијание во својата област. Нашата мисија е да бидеме катализатор на знаење и акцелератор на влијанието и резултатите од активностите на студентите и претприемачите. Институција на иднината, која ќе ги поттикне и поддржи студентите и претприемачите да постигнат многу повеќе од она што некогаш помислиле дека е возможно. ”

aaa

Главниот гостин говорник е  Гери Вајтхил, сериски претприемач од САД со уникатен ментален склоп кој малкумина го поседуваат и кој живее со паролата “Stop at nothing achieve everything”. Во сите ситуации поттикнува на иновативен пристап и таканаречен Brain hacking како би ги надминал препреките.  Гери Вајтхил е основач на “Entrepreneur Week” – втор најголем претприемачки настан во светот и е консултат на повеќе Fortune 100 компании, инкубатори, акцелератори и претприемачи низ светот во областа на претприемништвото. Основач е на Relentless Фондацијата која се залага за вклучување на Претприемништво како задолжителен предмет во средните училишта.

Г-дин Вајтхил во својата презентација потенцираше: “Претприемништвото е фундаменталната основа за економска стабилност. Доколку погледнете одблиску ќе забележите дека претприемачите и стартапите овозможуваат да се случат и додаваат вредност на повеќе животни аспекти: работа, иновација, инспирација… листата е бесконечна. Но, ако имате чуство дека треба да ги реализирате работите брзо, застанете и размислете, тоа е вашето его кое што ви кажува дека не сте спремни, не избрзувајте во одлуките, поради тоа што за нешто да се случи потребно е време.”

aac

Гери Вајтхил на својата презентација заокружи 11 клучни работи, низ кои, според него, еден човек треба да се води во животот за да достигне успех и како тој што вели, да го “ хакне животот”. Зборуваше како да се достигне пресекот за исполнување на своите цели и соништа преку најдобро искористување на ресурсите од било кој сегмент од нашиот живот, за да создадеме иднина каква што ја замислуваме.

aae

За време на самиот настан обраќање имаше и студент од првата генерација на акцелераторот, Бојан Андоновски, студент на академијата за 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни Ефекти: ”Искуството и знаењето кое што го стекнав на академијата ми помогна да се специјализирам во она што го учам и што моментално го работам. Самата програма која што ја следевме беше уникатна и сеопфатна, беше организирана на високо ниво, а со колегите од академијата сега сме колеги и на работа, во компанијата Fx3x и одлично функционираме и се надополнуваме.”

aad

Веднаш потоа беа доделени дипломите на сите завршени студенти на првата генерација од Клауд академијата на акцелераторот, а генералниот менаџер Ирена Чаушевска и водечките ментори од академиите им честитаа на успешно завршената програма и воедно ја поздравија и им посакаа успешен старт на новата генерација која што започнува од Октомври.

 

Белешка за уредникот: Њу Менс Бизнис Акцелераторот е  македонско-американска компанија со седиште во Скопје и Лос Анџелес, каде се одржуваат секојдневни разговори помеѓу двете седишта. Во рамките на Акцелераторот функционираат Клауд Академиите и Смарт-ап центарот, кои имаат за цел едукација на младите ентузијасти за предизвиците, како во Македонија, така и во регионот. Во Клауд Академиите покрај македонски професори ангажирани се професори од реномирани странски универзитети, како Stanford и Qualcomm кои ќе го збогатат знаењето на студентите со најновите трендови на западот. Смарт-ап школата таргетира идеи за претприемништво и поттикнува отварање на стартап компании, за што имаме соработка со повеќе компании низ светот, кои ќе го споделуваат своето претприемачко знаење со студентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП