20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа го намали дефицитот, но го зголеми долгот

Европа го намали дефицитот, но го зголеми долгот

podatoci 33

Членките на еврозоната успеаа како целина да го намалат буџетскиот дефицит во минатата година на 2,6 проценти на бруто домашниот производ (БДП).

Меѓутоа, нивниот вкупен јавен долг продолжи да бележи раст, соопшти европската служба за статистика „Евростат“.

Буџетскиот дефицит на 28-те членки на Европската унија минатата година е намален во споредба со 2013-та на 3,0 од 3,3 oтсто од „БДП“, додека буџетскиот дефицит на еврозоната падна на 2,6 посто од 3,0 проценти од 2013-та година, се наведува во извештајот на „Евростат“.

Според податоците, регионот на еврозоната минатата година бил фокусиран на контролирање на државните трошоци со цел дефицитот во границите на ЕУ да биде 3,0 проценти.

Најголем буџетски дефицит минатата година е регистриран во Кипар (8,9 отсто) и во Португалија (7,2 посто), додека Грција, која беше под строга програма за кратење на трошоците, имаше буџетски дефицит од 3,6 проценти, а Германија, од друга страна евидентираше суфицит на буџетот од 0,3 отсто.

Јавниот долг на еврозоната порасна на 92,1 oтсто од „БДП“ од 91,1 проценти колку што изнесуваше во 2013-та, додека во целата ЕУ порасна на 86,8 од 85,5 посто од „БДП“ во истата година, покажаа податоците на „Евростат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП