2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва никако не смеете да го кажете по отказот

Ова никако не смеете да го кажете по отказот

ne-otkaz

Отказот за некој може да биде најголемиот животен неупех. Исто така, отказот е на врвот од листата со најголемите животни стресови. Но, директорите на големите компании за „Independent“ велат дека тоа што сте отпуштени воопшто не мора да биде големо разочарување, се додека знаете како тоа да го претворите во нешто позитивно.

Идните работодавци сакаат да знаат зошто сте прекинале со работа во некоја компанија, осносно зошто сте добиле отказ. Тие сакаат да слушнат што сте погрешиле и што ќе направите за да го поправите тоа во иднина.

Постои една реченица која никогаш не смеете да ја изговорите кога потенијалниот работодавец ќе ве праша зошто сте биле отпуштени, а тоа е „Не одеше“.

Наместо тоа експертите препорачуваат да направите листа со се што сте постигнале на работното место за да го истакнете позитивниот дел од целата приказна. Наместо да ги избегнувате лошите страни на работата, запишете ги и нив со цел да откриете како да ги подобрите и што ве спречувало во тоа претходно.

Кога сте подготвени за нова работа, користете ја оваа листа за да се насочите кон следниот професионален чекор. Исто така, имајте ја на ум оваа листа и на интервјуто. Така ќе бидете целосно подготвени кога ќе дојде ова прашање на ред, нема да поцрвените и да се збуните, нема да бидете затекнати…. И што е најважно, ќе имате однапред смислен одговор.

„Ние не бараме совршенство, ние бараме некој кој ќе сака да се усовршува“, вели еден од работодавците за Independent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП