21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка ја намали прогнозата за растот на Kенија

Светска банка ја намали прогнозата за растот на Kенија

kenyan-shillings

Светска банка ја намали прогнозата за растот на Кенија за 2015 година и 2016, поради нестабилноста на националната валута, но и поради рестриктивните политики на владата во Најроби.

Според новата проценка на Светска банка, економскиот раст на најголемата економија на источна Азија за оваа година е намален за 6,0 проценти на 5,4 проценти, пренесуваат француските електронски медиуми.

Бруто домашниот производ на Кенија во 2016 година ќе порасне за 5,7 проценти наместо 6,6 проценти, како што претходно очекуваше банката.

„Новите проценки се направени врз основа на последните податоци кои се однесуваат на девизниот курс, инфлацијата, буџетската консолидација и притисокот врз балансирањето на финансиските трансакции“, се наведува во извештајот.

Кенискиот шилинг девалвираше за 14 проценти во однос на американскиот долар од почетокот на оваа година, додека каматните стапки се зголемени за 300 базни поени.

Светска банка во извештајот додаде дека јавниот долг на Кенија, кој порасна за 0,05 проценти на 44,5 проценти од БДП, е одржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП