1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзаири на конференција за користење на отпадот како инвестициска можност

Изаири на конференција за користење на отпадот како инвестициска можност

maswa

Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири се обрати на отворањето на конференцијата на тема: „Искористување на отпадот како инвестициска можност во Македонија“, која е во организација на Македонската Асоцијација за управување со цврст отпад- МаСВА.

Изаири изрази задоволство што на оваа меѓународна конференција ќе се дискутира за управување со отпадот од перспектива на користење на отпадот како инвестициска можност во Македонија, и која истовремено ќе овозможи размена и на меѓународни искуства и проширување на видиците од областа.

„Се надевам дека денешната конференција ќе придонесе во Македонија да зајакне секторот кој делува во управувањето со отпадот, дека ќе отпочнат мерките за подобрување на состојбите и дека ќе ги поттикне сите чинители од кои зависи успешната и практична имплементација на поставените цели и политики“, рече тој.

На конференцијата, според зборовите на преседателот на МаСВА Даниела Нелепа, присуствуваа 14 странски експерти од областа, но и домашни и меѓународни научници, бизнисмени и претставници на локалните власти од земјите членки на ЕУ, кои во рамки на трите конференциски сесии, ги изнесоа своите гледишта за најновите научни и технолошки достигнувања во доменот на управување со отпад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП