6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Мирко Вујисиќ во Чифте амам

Изложба на Мирко Вујисиќ во Чифте амам

mirko-vujisik

Во Националната галерија на Македонија, Чифте амам, во среда, во 20 часот, ќе се отвори изложба која носи наслов „Хронологија на дневни записи“ на авторот Мирко Вујисиќ.

„Хронологија на дневни записи“ го сублимира досегашното творештво на авторот, презентирајќи избор на дела кои го рефлектираат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни медиуми – графиката, цртежот и сликата. Во случајов, може да констатираме дека наведениот поим хронолошки записи се однесува на презентирање на дела од неговите почетоци, па се до денес, но интенционално е избегната инскрипцијата на конкретни наслови и години на изработка, оставајќи на посетителот самиот да ја исчита приказната низ претставениот сублимат на поетиката на различности.

Мирко Вујисиќ е роден е во Прилеп во 1957 година. Училиште за применета уметност, оддел графика завршил во 1977 година. Во 1979 година дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје. Во 1984 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот графика, во класата на проф. Драгутин Аврамовски – Гуте. Во 1998 година завршил постдипломски студии на одделот за графика во Белград во класата на проф. Небојша Радојев. Во 1990 година ја користи стипендијата „Моша Пијаде“, односно користи студиски престој во Sitè des Art во Париз. Од 1985 година до денес работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП