3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Рокот за барање за отпис на камати истекува до крајот на...

УЈП: Рокот за барање за отпис на камати истекува до крајот на годината

ujp-zgrada1222

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.

Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември

Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање “БОКПЗСО/1“ за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси: кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година; кои се утврдени со конечна месечна пресметка на брутоплата (МПИН) и кои не се платени на денот на поднесување на барањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП