19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски во дводневна посета на Шпанија, ќе учествува на конгресот на EPP...

Груевски во дводневна посета на Шпанија, ќе учествува на конгресот на EPP во Мадрид

gruevski_07022-480x360

Премиерот Никола Груевски од среда е во дводневна политичко-економска посета на Шпанија, за време на која ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија (EPP).

Конгресот е поделен на два дела, при што во првиот дел, учесниците ќе разговараат за актуелните предизвици на европскиот континент, економијата и потенцијалите за раст, одржливиот регионален развој и отворањето нови работни места, развојот на информатичкото општество и технологиите, а ќе се дебатира и за предизвикот со илегалните мигранти и за развојот на Eвропската унија (ЕУ) и европските политики на интеграција.

Вториот дел од конгресот во Мадрид е посветен на избор за претседател на Европската народна партија, како и на изборот на потпретседатели и генерален секретар.

На Конгресот во Мадрид се очекува да бидат присутни и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, премиерот на Португалија, Педро Пасос Коело, премиерот на Ирска, Енда Кени, премиерката на Летонија, Лаимдота Страујума, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јунер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Во рамки на дводневниот престој на Мадрид, Груевски ќе присуствува и на бизнис форум којшто се реализира во организација на Стопанската комора на Мадрид. На форумот ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите за економска соработка и развој на економските односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП