3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит поради анемичните деловни резултати

Пад на Волстрит поради анемичните деловни резултати

wallstreet 003

Берзанските индекси благо паднаа откако деловните резултати на повеќето американски компании беа послаби од очекуваното.

Dow Jones ослабна 13 поени, или 0,08 отсто, на 17.217, додека S&P 500 падна 0,14 отсто, на 2.030 поени, а Nasdaq се намали 0,50 отсто, на 4.880 поени.

Најмногу вчера падна цената на акциите во здравствениот сектор, за 1,5 отсто, и на биотехнолошкиот, за 3,2 отсто, кои веќе подолго време беа под притисок по најавите на неколку кандидати за претседател на САД дека треба под контрола да се стават цените на специјалните лекови.

„Очигледно е дека здравствениот сектор повторно е под притисок, особено на фармацевтските компании“, вели Мајкл О’Рурк, стратег во компанијата JonesTrading.

Под притисок вчера беше и технолошкиот сектор, а најголем губитник беше акцијата на IBM, чија цена падна за над 5 отсто и потона на најниско ниво за пет години.

Технолошкиот гигант извести во претходниот ден дека само приходите во изминатото тромесечје паднале 14-ти квартал по ред и тоа за 14 отсто.

Послаби од што се очекуваше квартални деловни резултати објави и Yahoo, поради што цената на интернет гигантот падна за над 1 отсто.

Од друга страна, благодарени на подобрите од очекувани резултати цената на акцијата на United Technologies порасна за речи 4 отсто, а на најголемиот американски мобилен оператор Verizon за над 1 отсто.

Меѓу најголемите губитници се најде акцијата на Harley-Davidson со пад за речиси 14 отсто, бидејќи познатиот производител на мотори, по слабото трето тромесечје, ги намали проценките за продажба во оваа година.

И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE индекс ослабна за 0,11 отсто, на 6.345 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,16 отсто, на 10.147 поени, а париски CAC за 0,64 отсто, на 4.673 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП