18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHarley Davidson дели откази

Harley Davidson дели откази

BN-KV406_1020ha_E_20151020082457

Компанијата „Harley Davidson“ планира да отпушти дел од работниците и да испорача помалку мотоцикли, порача компанијата по објавата на извештајот за профитот кој не ги исполни очекувањата на Волстрит.

Акциите на „Harley Davidson“ паднаа за 12 проценти на почетокот на денешното тргување на берзите.

Компанијата заработи 140,3 милиони долари, односно 69 центи по акција, додека берзанските аналитичари очекуваа 78 центи по акција.

„Harley Davidson“ забележа зголемување на приходите на 1,14 милијарди долари, но тоа е помалку од очекуваните 1,21 милијарди колку што предвидуваа аналитичарите.

Кога станува збор за производството, планот е оваа година да се испорачаат меѓу 265.000 и 270.000 мотоцикли, додека претходно беше планирано меѓу 276.000 и 281.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП