16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСериозни проблеми во трговијата со дијаманти

Сериозни проблеми во трговијата со дијаманти

dijamanti 33

Падот на цените на суровините поради забавувањето на кинеската економија почнува да се одразува сериозно и на „најдобрите пријатели на жените“ – дијамантите.

Одложувањето на побарувачката на дијаманти од оваа индустрија во Кина покажа опаѓачки притисок врз цената на скапоцените камења и е уште еден доказ за тешкотиите со кои се соочува втората најголема светска економија.

„Тоа е катастрофа“, коментира Гај Харари, ко-основачот на трговската платформа за продажба на необработени дијаманти „Bluedax“, цитиран од „Bloomberg“.

„Од „De Beers“ велат дека се е како и обично, но тоа воопштно не е така. Бизнисите не се одвиваат како и обично, и како од најголемиот трговец на дијаманти во светот се обидуваат да ги претстават работите“, додава Харари.

Компанијата „Anglo American“ која држи 85% од акциите во „De Beers“, се потпира во голема мера на својот бизнис со дијаманти за да ги неутрализира слабите резултати на останатите нејзините поделби – за производство на мед, платина и јаглен. Профитот на нејзината единица за тргување со дијаманти придонесува за околу една третина од профитот во првата половина од годината. Акциите на „Anglo“ загубија 7.4% од вредноста за време на нивната трговија во Лондон, што е најмногу во последниве три недели.

Два од најголемите светски производители на дијаманти презедоа чекори за ограничување на производството. Од „De Beers“ го намалија производството за 15% во оваа година. Ова сепак се уште не е доволно, затоа што во октомври клиентите откажале меѓу 35 и 50% од нарачките на дијаманти понудени од страна на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП