Македонска берза АД Скопје денеска организира прв отворен ден, на кој сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност да се запознаат со начинот на функционирање на берзата во Скопје.
Посетителите ќе имаат можност: да ги видат деловните простории во коишто се одвива работењето на Берзата, да се запознаат со начинот на функционирањето на Берзата и со институционалната поставеност на пазарот на хартии од вредност, да го проследат начинот на којшто се одвива тргувањето во живо и да бидат сведоци на склучувањето на берзанските трансакции, стои во соопштението на Македонска берза.
Отворениот ден за посета на берзата се организира во пресрет на одбележувањето на 20 години од првиот ден на тргување на Македонска берза АД Скопје.