5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите светски брендови кои ќе исчезнат во 2013

Големите светски брендови кои ќе исчезнат во 2013

brendovi1

Бројни светски брендови не успеаа да одржат чекор со силната конкуренција во времето на кризата.

„Business Insider“ направи листа на компании кои се во проблеми и за кои се претпоставува дека до крајот на годината ќе стават клуч на своите врати.

 

Познати авто-брендови

Производителот на спортски автомобили „Lotus“ за едно тромесечје продава само по 35 возила. Тој податок доволно говори.

„Mitsubishi“ е на погрешен пат земјаќи го во предвид фактот дека нивната продажба на возила се намалила за 30 проценти и дека неможе да се бори со силната конкуренција.

Американскиот „Suzuki Motors“ од почетокот на годината успеа да продаде само 10.695 автомобили. За проблемот со продажбата најмногу се обвинува лошата репутација на возилата.

 

Производителот на „Blackberry

Компанијата „Research in Motion“ уште пред две години отпушти 2.000 вработени.

Се посилната конкуренција на полето на смартфоните, направи профитот на производителот на „Blackberry“ да биде значително помал во однос на претходните години.

Компанијата се обидува да се врати во игра со помош на најновиот производ „Blackberry 10“.

 

Avon“ под знак прашалник?

Се помалите приходи и корупцијата, го одведоа „Avon“ во проблеми. Компанијата најави отпуштање на работници и намалување на трошоците. Во прилог на тоа говори и одлуката за излез од некои од помалку профитабилните пазари како што се Виетнам и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП