12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако и да се завртиш, Германците се во плус

Како и да се завртиш, Германците се во плус

eurozone-germany

Граѓаните на Ирска поради глобалната финансиска криза загубија најмногу од личното богаство во споредба со било која друга членка на еврозоната. Истовремено, Германците и Холанѓаните стекнале најмногу.

Во анализата со која е опфатен периодот од 2009 до 2013 година, експертите на Европската централна банка открија дека Ирска загубила повеќе од 18.000 евра по лице, богатството на Шпанците е намалено за речиси 13.000 евра по жител, додека Грција е посиромашна за 17.000 евра по лице поради падот на вредноста на имотот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Наспроти тоа, во Холандија и Германија богатството по глава на жител е зголемено за околу 33.000 евра, односно 19.000 евра, делумно поради растот на финансиските инвестиции во тој период.

Овие податоци, кои претставуваат снимка на состојбата пред неодамнешниот залет во Шпанија и Ирска, укажуваат на големи разлики меѓу земјите во 19-члениот блок.

Во текот на претставувањето на оваа статистика, ЕЦБ потврдила дека постојат разлики, за кои, како што соопшти, централната банка нема лек.

Експертите долго се залагаа за воведување на систем за финансиски трансфери или плаќања од богатите во сиромашните земји, со цел да се поправи дисбалансот кој постои меѓу силните индустриски земји, како што е Германија, и земјите како Шпанија, но Берлин ги одби таквите предлози, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП