5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Масовно вработување за празниците

САД: Масовно вработување за празниците

amazon-B3

Компанијата за интернет продажба „Амазон“ планира да вработи 100.000 луѓе за време на празниците во Америка, што е за 25 отсто повеќе отколку минатата година, а сезонски вработувања најавуваат и други компании во САД.

Оваа компанија соопшти дека ќе вработи луѓе ширум САД во центрите за складирање и дистрибуција. „Амазон“ неодамна вработи повеќе од 25.000 луѓе со редновни работни места и сега има повеќе од 90.000 работници во преку 70 центри за дистрибуција и складирање.

Американската сезона на празници стартува кон крајот на ноември со Денот на благодарноста и завршува со Нова година, а во тој период се остварува најголема продажба.

Повеќе американски компании најавија планови за вработување на дополнителни работници. „Вол-Март“ привремено ќе ангажира 60.000, „Toys R Us“ – 40.000, a „GameStop Corp“ повеќе од 28.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП