13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис од едно предавање заработува 55.000 евра

Варуфакис од едно предавање заработува 55.000 евра

janis

Од грчката криза, се чини, најдобро профитира поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис. Иако обвинет за серија грешки во преговорите со доверителите и лажирање на даночните податоци, Варуфакис и понатаму има илјадници фанови.

Денес, според извештајот на француската државна телевизија, Варуфакис за секој јавен настап бара по 55.000 евра.

Со тоа оди авионски билет, сместување во хотел со пет ѕвезди и останати трошоци. Тоа не е ништо во споредба колку бараат останатите, меѓу кои поранешниот француски претседател, Никола Саркози кој зема 165.000 евра.

Само во Барселона, каде Варуфакис учествуваше на состанок посветен на европската демократија, создаде редици од обожаватели кои само сакаа да го видат одблизу и да земат автограм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП