23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките државни службеници најавија општ штрајк

Грчките државни службеници најавија општ штрајк

grcija-strajk

Синдикатот на грчките државни службеници АДЕДИ најави во вторник 24 часовен општ штрајк на 12 ноември во знак на протест против реформите на пензискиот систем што се условени со последниот пакет помош на меѓународните кредитори, обвинувајќи ја владата за „прерасподелба на сиромаштијата“.

За истиот ден штрајк најави и синдикатот на работниците од приватниот сектор ГСЕЕ.

„Јасно е дека владата врз себе ја презеде улогата на прераспределба на сиромаштијата“, соопшти АДЕДИ.

Јавноста во Грција не го крие незадоволството заради растот на даноците и кастрењето на пензиите, на што Атина се согласи во замена за пакетот помош вреден 86 милијарди евра, трет од 2010 година.

Левичарската влада донесе закон со кој ја покачи старосната граница за редовно заминување во пензија, ги зголеми придонесите за здравство и ги укина повеќето погодности поврзани со предвременото пензионирање, а исто така планира да спои редица пензиски фондови во еден и да ги намали дополнителните пензии.

АДЕДИ, што претставува околу 650.000 работници во јавниот сектор, тврди дека реформите на пензискиот систем ќе им го зададат „конечниот удар“ на фондовите кои низ годините доволно се исцрпени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП