4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна под 49 долари

Цената на нафтата стабилна под 49 долари

nafta 300

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи под ниво од 49 долари, но расположението и натаму е придушено откако водечкиот трговец со нафта предупреди дека значително закрепнување на берзите во следната година е малку веројатно.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,61 долар. Вчера тргувањето го заклучи во минус 1,85 долари. Позначителни промени во цената немаше ниту на американската берза каде со барелот се тргува по 45,99 долари. Во понеделникот тргувањето го заклучи во минус 1,37 долари.

Вчера берзите беа под притисок на загриженост за растот во Кина и сигналите за брзо враќање на пазарот на иранска нафта по укинувањето на западните санкции. Висок ирански функционер изјави дека Техеран во рок од една недела од укинувањето на санкциите планира да го зголеми производството за 500 илјади барели дневно и да им продава нафта на „старите“ муштерии во Азија и Европа.

Денеска нафтениот пазар се стабилизираше иако расположението и натаму е придушено, особено откако од водечкиот трговец со нафта на светот Vitol предупредија дека е малку веројатно да дојде до значително закрепнување во следната година.

„Малку би ме изненади кога цените на нафтата до крајот на 2016 година би пречекориле 60 долари“, рече извршниот директор на Vitol, Јан Тејлор.

Тој очекува дека по укивањето на иранските санкции ќе дојде до жестока борба за пазарен удел меѓу прозводителите од Блискиот исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП