17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија со контра мерки за намалениот увоз на брашно во Македонија

Србија со контра мерки за намалениот увоз на брашно во Македонија

farine de blé

Србија ќе воведе контра мерки кон Македонија ако нашата земја не престане да го кочи увозот на српско брашно од овогодинешниот род на пченица, велат од ресорното министерство, пренесува B92.

Помошничката на министерот за трговија на Србија, Бојана Тодоровиќ, за агенцијата Бета вели дека проблемите околу извозот на брашно од Србија во Македонија почнале во јули, и дека континуирано траат до денеска.

„Откако во втората половина на август во Македонија е сопрено издавање маркички за брашно, затоа што се чекаше да заврши тендерот за избор на печатар, во септември по завршениот тендер почна нивното издавање, но повторно е присутна опструкција на македонска страна затоа што тие маркички се издаваат во количина двојно помала од требуваната количина брашно“, вели Тодоровиќ.

Според неа, Министерството за трговија на Србија, минатата недела побарала итен одговор од македонска страна за проблемите со увоз на брашно од Србија, а во најкраток можен рок ќе побараат билатерални консултации, во склад со процедурата во бесцаринскиот регион ЦЕФТА.

„Ако и овие чекори не доведат до решение, Србија има можност да воведе контра мерки“, вели Тодоровиќ.

Таа потсетува дека веќе неколку години Министерството за земјоделство на Македонија донесува прописи и воведува мерки кои го оневозможуваат или го отежнуваат извозот на брашно од Србија во Македонија.

„Проблемот постојано се истакнува во рамки на ЦЕФТА, водени се и билатерални консултации во повеќе наврати, а Србија преку заедничкиот Комитет на ЦЕФТА, како врховен орган, покренуваше процедури за решавање на споровите и успеваше во тоа, што во 2013 година резултираше со укинување на недозволените мерки“, додава Тодоровиќ.

Според податоците на Министерството за трговија на Србија, извозот на брашно во Македонија за трите летни месеци изнесувал 8.211 тони, или околу 2.500 тони месечно, иако реалните можности за извоз според извозниците месечно се од 3.500 до 4.000 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП