22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателност на европските берзи, рударскиот сектор под притисок

Внимателност на европските берзи, рударскиот сектор под притисок

berza frankfurt

Индексите на европските берзи во вторникот изутрина беа стабилни, додека акциите на рударските компании се најдоа под притисок втор ден по ред поради слабостите не кинеската економија.

FTSEurofirst индекс на 300 водечки европски компании околу 9,30 часот беше речиси непроменет во однос на вчера, кога зајакна за 0,2 отсто, на 1.438 поени.

Лондонски FTSE, париски CAC и франкфуртски DAX околу 9,30 часот беа во плус околу 0,1 отсто.

Изутрината, втор ден по ред, под притисок се акциите во рударскиот сектор, како компаниите Glencore и BHP Billiton, бидејќи инвеститорите стравуваат од пад на побарувачката за сировини, а со тоа и на нивните цени.

Растот на кинеската економија, како и во изминатото тромесечје, изнесува 6,9 отсто, најмалку од финансиската криза во 2009-та година, што би можело да предизвика намалување на побарувачката за сировини, со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач.

Поради тоа вчера паднаа и цените на нивните акции, па нафтата поевтини за 3 отсто, додека цената на бакарот падна за 1,4 отсто. Тоа ги притисна цените на акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, кои ниту денеска не успеваат да закрепнат.

Од друга страна поскапеа акциите на неколку компании, како на пример на биотехнолошката компанија Actelion, кои остварија подобри од очекуваните квартални деловни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП