21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар очекува раст на БДП од 1,8 проценти во 2016

Кипар очекува раст на БДП од 1,8 проценти во 2016

kipar nikozija

Кипарската економија наредната година ќе порасне за најмалку 1,8 проценти, а во 2017 година над два проценти доколку властите успеат да ја зачуваат стабилноста на јавните финансии, изјави денес кипарскиот министер за финансии Харс Јоргијадес.

Претставувајќи го буџетот за 2016 година пред парламентарниот финансиски комитет, Јоргијадес изјави дека економскиот раст оваа година ќе ги надмине очекувањата на кредиторите и ќе достигне 1,5 проценти, пренесува агенцијата АП.

Министерот наведе дека клучни поттикнувачки за раст се секторите за поморска трговија, туризам, услуги и недвижнини. Јавниот долг во наредните неколку години ќе се намали под 100 проценти од бруто домашниот производ, додаде тој.

Кипар следната година би требало да ја отплати меѓународната програма за помош вредна 10 милијарди евра која ја доби во март 2013 година за да ја реши банкарската криза која доведе до гаснење на втората по големина банка во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП