Македонската во вторникот го најави почетокот на петтиот циклус на проектот „Учиме од бизнис заедницата“, а во среда ќе биде објавен јавен повик, на кој заинтересираните компании ќе можат да се пријават за учество во овој проект.
„Јавниот повик ќе биде објавен во повеќе печатени медиуми, како и на веб страницата на Владата, а ќе биде отворен повеќе од два месеци, односно компаниите ќе можат да аплицираат за учество во проектот до крајот на декември“, информираше вицепремиерот Владимир Пешевски.
Проектот „Учиме од бизнис заедницата“ за првпат почна да се реализира во 2010 година под името „Посета на 150 компании“ и изминатите 4 циклуси од страна на обучени владини тимови посетени се 517 компании од кои посети произлегоа над 700 барања. Повеќе од половината барања се прифатени од Владата и произлезени се 72 системски решенија кои придонесоа за измени и дополнувања на низа на закони и подзаконски акти, стратегии и програми.
Вицепремиерот Пешевски истакна неколку примери на изменети системски решенија кои се произлезени од иницијативите на компаниите како што се: забрзувањето на постапките за пренамена на земјоделското во градежно земјиште, намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 5% на промет на жив добиток, убрзувањето на постапките за урбанистичко планска документација преку посебен електронски систем е-урбанизам, побрз проток на жива стока, стока во свежа состојба и опасни материи преку приоритетни ленти на граничните премин Табановце и Богородица, како и воводување на нова авионска линија Охрид – Лондон која ќе допринесе за развој на туризмот.
Пешевски ги повика сите заинтересирани компании да аплицираат на јавниот повик, за да со свои предлози придонесат на процесот на системски подобрувања во бизнис опкружувањето.