3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува Германскиот филмски фестивал во Тетово

Почнува Германскиот филмски фестивал во Тетово

germanski-film

Единаесетти пат по ред во Тетово се организира Фестивал на новиот германски филм, во организација на Германската амбасада во Скопје во партнерство со Центарот Лоја, поддржано од ПроКредит Банка.

Овогодинешното издание на Фестивалот на новиот германски филм ќе почне во вторник во Центарот за култура во Тетово, со прикажување на филмот „Роден во болка“со почеток во 20 часот.

Фестивалот трае три вечери, а втората вечер публиката во Тетово ќе има можност да гледа филмови во два термина, во 18 часот се прикажува филмот „Феникс“ и од 20 часот „Хакери“ и двата филма ќе бидат прикажани во просториите на Центарот LOJA.

Третата вечер ќе може да се проследат три филма, кои почнуваат во 16 часот, кога ќе биде прикажан филмот за деца „Лола на грашокот “ и од 18 часот децата повторно ќе можат да го гледаат филмот „Спасете го Рафи“. Фестивалот се затвора со проекцијата во четврток од 20 часот со прикажување на комедијата „300 германски зборови“.

Сите филмови ќе бидат прикажани со превод на македонски и на албански јазик. За сите проекции влезот е слободен и сите љубители на германскиот филм се добредојдени.

Проекциите на овие филмови ќе бидат во просториите на Центарот LOJA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП