2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да му угодите на шефот?

Како да му угодите на шефот?

Boss-shouting-ego-work-007

Колку пати сте се запрашале како да му угодите на шефот. Колку би било убаво да влезете во неговата глава и да ги видите неговите мисли и да ги прочитате неговите желби.

Бидете искрени

Искреноста и лојалноста се најважните работи за работата во компанија. Таквите личности шефот ќе ги оцени како личности кои ќе бидат поддршка за фирмата, и ќе останат во неа без оглед на се.

Информирајте го својот шеф

Кога шефот ќе ви даде задача, информирајте го редовно за текот на вашата работа. Ако наидете на значајни прашања, информирајте го како стојат работите. Не ги задржувајте информациите за себе, бидејќи работите можат да отидат во погрешен правец.

Дајте го најдоброто од себе

Покажете го својот квалитет во работата со која се занимавате и тежнејте кон усовршување, бидејќи така шефот ќе ве цени како работник. Не ги земајте работите лесно и не го прифаќајте половичното задоволство при изработката на задачата.

Прифатете ја одговорноста

За да покажете дека сте доверлив, прифатете ги одговорностите и предизвиците и работете најдобро што можете. Не плашете се, ваквите ситуации можат да ви помогнат во кариерата и во иднина.

Бидете креативни

Пронајдете начини како да ги намалите трошоците за вашето работење и како да ја зголемите продуктивноста, па предложете му ги на шефот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП