5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали туширањето со врела вода е здраво?

Дали туширањето со врела вода е здраво?

Hot-Water-Bath

По напорниот и стресен ден на работа, ништо не може да ве опушти како туширањето со топла вода…

Многу луѓе сакаат да се тушираат со многу топла вода, особено кога надвор е ладно. Меѓутоа тоа може да и наштети на кожата.

„Топлата вода ја лишува кожата од природните масла што доведува до сува кожа, чешање и евентуално егзема“, изјави д-р. Шах, дерматолог од Њујорк и додаде дека жешката вода при туширање може дури да ја избледи и бојата на фарбаната коса.

Покрај негативното дејство на површината на кожата, врелата вода може да има и негативни ефекти на клетките кои можат да воспалат поради зголемената циркулација.

Поголемата температура на водата исто така предизвикува пад на притисокот што може да доведе до вртоглавица која под тушот може да биде многу опасна.

Што се однесува на позитивното дејство на топлата вода, таа е добра за отворање на порите, па можете да ја искористите и како третман за лицето додека се туширате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП