4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Morgan Stanley речиси преполовен

Профитот на Morgan Stanley речиси преполовен

morgan-stanley

Профитот на американската инвестициска банка „Morgan Stanley“ е намален во третиот овогодишен квартал за 42 проценти, поради лошите резултати во одделението за тргување со обврзници.

Во три месеци заклучно со септември, банката, кога ќе се исклучат исплатите за приоритетните акционери, заработила 940 милиони долари во споредба со 1,63 милијарди долари во истиот период минатата година, пренесува агенцијата АП.

Банката „Morgan Stanley“ заработила 48 центи по акција во споредба со 84 центи во истиот период минатата година, додека аналитичарите кои учествуваа во анкетата на истражувачката компанија „Fact set“ прогнозираа заработка од 67 центи по акција.

Приходите на банката во третиот квартал изнесувале 7,8 милијарди долари, во однос на 8,9 милијарди долари една година претходно, наведува американската агенција, и додава дека по овие вести, акциите на банката се намалиле за 5,0 проценти на 32,10 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП