4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи благо паднаа, доларот стабилен

Азиските берзи благо паднаа, доларот стабилен

pad berzi

На азиските берзи денес се тргува претпазливо бидејќи поради падот на цените на сировините и забавувањето на растот на кинеската економија спласна наклонетоста на вложувачите во поризични инвестиции, додека американската валута се стабилизираше.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во вторникот беше во плус од 0,4 отсто, а благо за 0,2 отсто пораснаа и цените на акциите во Јужна Кореја. Во Шангај, Хонгконг и Австралија, берзанските индекси, пак, паднаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто, па MSCI индексот на азиско-пасифичките акции, без јапонските, беше во минус од 0,4 отсто, лизнувајќи се од највисокото ниво во последните два месеца.

Бидејќи во изминатиот квартал растот на кинеската економија падна на 6,9 отсто, што е најбавното темпо од финансиската криза во 2008 година, вложувачите стравуваат дека тоа ќе предизвика слабеење на побарувачката на сировини, бидејќи Кина е најголемиот светски потрошувач на сировини.

Поради тоа, во понеделникот паднаа цените на сировините, а нафтата поевтини и до 3 отсто, додека цената на бакарот падна за 1,4 отсто. Тоа ги притисна цените на акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, кои не успеваат да закрепнат, иако цените на суровините во вторникот претпладне се стабилизираа. Така, цената на барелот нафта на лондонскиот пазар во вторникот претпладне зајакна за 0,3 отсто, на 48,75 долари.

Инвеститорите се претпазливи и поради тоа што кулминира сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на американските компании, што седмицава значително ќе влијае врз насоките на пазарите.

А поради високиот курс на доларот и слабеењето на побарувачката во светот, аналитичарите проценуваат дека повеќето компании во третиот квартал забележале послаби резултати отколку во истиот лански период.

Меѓутоа, од друга страна, пазарите го поддржуваат уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка нема годинава да ги зголеми клучните каматни стапки, што значи дека евтините пари и натаму ќе ги поддржуваат пазарите на акциите. Уште повеќе што се очекува дополнително олабавување на монетарните политики во најголемите светски економии, од Кина и Јапонија до еврозоната поради слабостите на тамошните економии.

Поради тоа, пак, на валутните пазари владее претпазливост. Денес наутро, американскиот долар се движеше 119,50 јени, колку што изнесуваше и во понеделникот во истиот период. Цента на еврата во однос на американската валута се движи, пак, 1.1330 долари, додека во понеделникот во истиот период изнесуваше 1,1360 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП