25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет милиони невработени во Франција

Пет милиони невработени во Франција

francija-nevraboteni

Бројот на невработени во Франција ја достигна бројката од пет милиони лица на целокупната нејзина територија во Европа и прекуокеанските територии, јави дописникот на МИА од Париз.

Невработеноста само во европскиот дел на Франција достигна 3.187.700 лица во февруари, 0,6 отсто повеќе невработени во однос на јануари, што со што армијата на невработени се зголеми за нови 18.400 лица.

Ова е највисока стапка на невработеност од јануари 1997 година, односно невработеноста во Франција постојано расте од мај 2008 година.

Соочена со тешкиот проблем на невработеност, владата на Франција најави вработување на нови 2.000 агенти во Центрите за вработувања кои повеќе не можат да им излезат во пресрет на се поголемиот број на невработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП