3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Албанија реализираа 51 проект од ИПА програмите

Македонија и Албанија реализираа 51 проект од ИПА програмите

ipa-projekat

Македонија и Албанија во првата фаза од ИПА Програмите на ЕУ реализираа 51 проект за што се инвестирани 7,2 милиони евра, изјави преставничката на Министерството за  локална самоуправа на Македонија, Хајрие Ахмед за време на поставувањето на камен темелникот на два еко-пазари во општина Маврово – Ростуше, проект кој се реализра заедно со општината Ѓинар – Елбасан, Албанија во рамките на меѓуграничната соработка на двете земји.

Преставникот на ЕУ, Јаромир Левицек, истакна дека во програмата ИПА 2 за меѓугранична соработка која ќе стартува во 2016 година, за овие проекти за Македонија и Албанија ќе се доделат уште 12 милиони евра, додека, пак, за проекти од овој карактер  за соработка на Македонија и Косово уште осум милиони евра.

Градоначалникот на општината Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди, на свеченоста кај Ростуше истакна дека на еко-пазарот во Ростуше ќе има 50 тезги, додека на оној во Маврово ќе има 20 тезги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП