4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 земји со најмногу природен гас во светот

10 земји со најмногу природен гас во светот

природен-гас

Потребите за течен природен гас во светот растат, покажаа истражувањата, поради што дури и водечките земји на листата со земји најбогати со ова фосилно гориво го зголемија производството.

По нуклеарната катастрофа во Фукушима, потребите на Jапонија за купување на течен гас се зголемија, а оваа земја и пред тоа беше најголемиот купувач на овој гас во светот. Денес таа купува 3,3 билиони кубни метри, а се очекува дека до 2035 година ќе купува и до 5 билиони.

Потребите за гас растат ширум планетата, не само во Јапонија. Поради тоа државите со најмногу гас го зголемуваат производството, а извештајот на Меѓународната агенција за енергетика покажа дека, на пример, Русија ќе го зголеми производството за дури три пати за да ги задоволи сите потреби до 2035 година.

Според официјалните податоци, ова се државите со најголем потенцијал кога станува збор за природниот гас:

Алжир

Оваа земја има потенцијал од 4,5 билиони кубни метри гас. Во моментов Алжир поседува 2,37 проценти од резервите на природен гас.

Венецуела

Венецуела поседува речиси пет билиони кубни метри природен гас, односно 2,62 проценти од светските резерви.

Нигерија

Оваа африканска земја има 5,25 билиони кубни метри гас, околу три проценти од докажаните резерви на природен гас.

Обединети Арапски Емирати

Иако можеби се чини дека оваа земја поседува повеќе гас, ОАЕ во моментов поседува 3,19 проценти од природните резерви на гас со своите шест милиони кубни метри.

САД

САД не се само голем потрошувач, туку и голем производител на гас. Оваа земја поседува 6,93 билиони кубни метри природен гас, околу 3,64 проценти од светските резерви.

Саудиска Арабија

Саудиска Арабија поседува 7,46 билиони кубни метри гас, речиси четири проценти од светските резерви.

Туркменистан

Туркменистан има малку повеќе гас ,7,5 билиони кубни метри гас, односно 3,95 проценти од докажаните резерви на природен гас.

Катар

Далеку пред претходните земји се наоѓа Катар, која има докажани резерви од 25,47 билиони кубни метри гас. Па така оваа земја поседува речиси 13,5 проценти од вкупните резерви на гас.

Иран

Иран има околу 30 билиони кубни метри природен гас. Оваа земја поседува дури 15,57 проценти од докажаните резерви.

Русија

Русија е број еден кога зборуваме за количините на природен гас. Оваа земја има најмногу природени резерви – дури 47,57 билиони кубни метри, па така Русија има повеќе од 25 проценти од резервите на природен гас во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП