13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото близу најниското ниво во последната седмица пред седницата на ЕЦБ

Еврото близу најниското ниво во последната седмица пред седницата на ЕЦБ

stedete

Еврото во понеделникот на меѓународниот девизен пазар беше блиску најниското ниво, пред редовната седница на Европската централна банка (EЦБ) оваа седмица, којашто според оцените на вложувачите може да донесе дополнителни поттикнувачки мерки за да се поткрепи инфлацијата во еврозоната.

Во таквата атмосфера на пазарите, еврото во однос на американскиот долар се лизна за 0,1 отсто, на 1.1340 долари, што е во близина на најниското ниво од 9-ти октомври од 1,1335 долари, на коешто се спушти во петокот.

Американската валута остана речиси непроменета во однос на јапонската, на 119,34 јени, откако претходно во текот на тргувањето во еден момент се спушти и на 119,15 јени, бидејќи јенот доби поддршка од почетниот пад на цените на акциите на берзата во Токио. Подоцна акциите закрепнаа, па јенот се најде под притисок, имајќи предвид дека т.н. валута засолниште за капиталот, вообичаено добива на вредноста кога јапонските акции трпат загуби.

Иако повеќето трговци и аналитичари прогнозираат дека EЦБ ќе почека до декември, доколку сака да објави нешто од новите мерки за поттикнување, меѓу ризиците сепак се издвојуваат можното сигнализирање на дополнителното ублажување на монетарната политика на редовната месечна седница во четврток. Се прават облози дека челникот на EЦБ, Марио Драги, најмалку, ќе се обиде да го зауздува курсот на еврото.

Многу банки очекуваат дека еврото ќе се изедначи со доларот до крајот на годинава, имајќи ги предвид 6-те милијарди евра кои EЦБ месечно ги инјектира во економијата преку програмите за откуп на капитал. Откако во март се спушти под 1,05 долари, еврото од тогаш доби на вредноста околу 9 отсто.

„Нашиот основен став е дека EЦБ во декември ќе најави продолжување на програмата за купување капитал, но гледаме и реален ризик дека со тоа би можел да се започне уште на седницата во четврток, така што од перспектива на финансиските пазари мислиме дека има смисла да се очекуваат притисоците на еврото пред седницата“, вели за Reuters Сем Линтон-Браун, валутен аналитичар во „BNP Paribas“.

Меѓу валутите со поизразена промена на курсот на меѓународните пазари, кои инаку не забележаа поголеми промени во понеделникот, се издвојува австралискиот долар, кој беше во добивка од 0,4 отсто во однос на американскиот, откако најновите податоци за кинескиот БДП беа малку подобри отколку што се очекуваше, иако се покажа дека стапката на раст на кинеската економија се лизна под 7 отсто, првпат до глобалната криза во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП