20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Alibaba ќе го советува британскиот премиер

Основачот на Alibaba ќе го советува британскиот премиер

jackm

Кинескиот милијардер и основач на „Alibaba“, Џек Ма, ќе го советува британскиот премиер Дејвид Камерон во областа на претприемништвото, соопшти кабинетот на премиерот во понеделникот.

Кинескиот интернет претприемач Џек Ма, чие семејно богатство е проценето на повеќе од 22 милијарди американски долари, ќе го советува Дејвид Камерон „за тоа како малите и средните претприемачи може да го зголемат својот извоз, а особено пристапот на кинеските пазари преку платформите како што е Alibaba“, се вели во соопштението на кабинетот на британскиот премиер.

Педесетиедногодишниот Ма со Камерон имаше средба во понеделникот, пред пристигнувањето на кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој ќе допатува подоцна во тридневна посета на Велика Британија.

„Станува збор за состанок со некој кој навистина има деловно искуство и го познава кинескиот пазар“, се додава уште во соопштението.

Според вредноста на трансакциите, компанијата „Alibaba“ која котира на американската берза, е најголемата светска компанија за е-трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП