22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГасифицирани СУГС „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“

Гасифицирани СУГС „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“

gas skoli 33

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на СУГС „Арсени Јовков“, Јованка Аспровска,  денеска го пуштија во употреба новиот котел на гас во СУГС „Арсени Јовков“.

„Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котлите на гас во СУГС „Арсени Јовков“, каде што учат околу 2.000 ученици, дел од  проектот за гасификација на две училишта, кој изнесува 15 милиони денари, а го опфаќа и СУГС „Зеф Љуш Марку“, рече градоначалникот Трајановски.

Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50 % од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу четири години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за гасификација на уште седум средни училишта. Изработката на проекти ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири –Склодовска“, „Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас.

„Со реализација на овој проект Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас, со целосно елиминирање на емисијата на сулфур двооксид и саѓи, големо смалување на азотните оксиди и значително намалување на емисијата на јаглеродиоксид“, информираат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП