26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: На Грција веројатно ќе и треба дополнителна помош

Шојбле: На Грција веројатно ќе и треба дополнителна помош

shojble

На Грција најверојатно ќе има потреба од дополнителна помош, но земјата е на „добар пат“ и враќањето на довербата ќе го олесни продолжувањето на меѓународната поддршка, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

– Ако земјата успее да постигне примарен суфицит до крајот на имплементација на планот за спас на ЕУ и ММФ во 2014 година, тоа ќе биде доказ дека планот е ефикасен и довербата се враќа, рече Шојбле.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Атина, Грција е на вистинскиот пат да ја врати довербата, а потоа ќе биде полесно да продолжи да добива помош која можеби ќе и треба и во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП