26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоналд Туск: Гасоводот GIPL ќе влијае на односите Европа - Русија и...

Доналд Туск: Гасоводот GIPL ќе влијае на односите Европа – Русија и на цената на природниот гас

donald tusk

Гасоводот меѓу Литванија и Полска (GIPL) ќе влијае не само на односите меѓу Европа и Русија, туку и на цената на природниот гас, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пренесува „Polskie Radio“.

Туск признал дека пред две години бил загрижен околу тоа дали сите ќе ја прифатат идејата за енергетска унија, како и тоа дека ќе биде тешко да се задоволат интересите на сите страни.

„Главниот снабдувач, односно Русија, можеше да наметне повисоки цени на гасот, бидејќи немаше диверсификација. Се разбира дека проектот за гасоводот меѓу Полска и Литванија ќе влијае на односите Европа – Русија, како и на гасната политика“, рекол Туск.

Според претседателот на Европскиот совет, GIPL ќе стане пример за тоа како стремежот за создавање на енергетска унија бил постигнат и покрај различните интереси на државите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП