6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПослушајте ги советите на Марија Шарапова: Вака се станува посилна жена

Послушајте ги советите на Марија Шарапова: Вака се станува посилна жена

maria-sharapovaAFP

„Јас не се борам со другите. Јас се борам против себе”…

Марија Шарапова е третата најдобра тенисерка во светот. Родена е во Русија, но уште како дете заедно со семејството се преселила на Флорида. Со само 18 години таа стана најдобра светска тенисерка.

Марија со години се бореше да остане на оваа позиција, а тоа од неа бараше како физички, така и психички вежби кои ја одржуваа ментално силна.

Врз основа на нејзиното искуство, тенисерката ги советува жените како и тие да бидат силни, и како да ги издржат сите тешкотии..

Најди сила во своите слабости и биди горда на нив

„Неколку пати во текот на кариерата имав проблеми со повредата на рамената. Се повлекував од натпреварите за да ги залечам, а тоа траеше со месеци. Во текот на мојата борба да ги опоравам, научив како да бидам трпелива. Сега сум горда на тие повреди кои што ме научија на некои важни животни лекции“.

Твоето тело е извор на твојата сила

„Ги поттикнувам младите девојки да најдат сила во своето тело. Силните тела доаѓаат во најразлични облици. Силното тело создава и силен ум. Форсирајќи го своето тело да постигне нешто, вие го форсирате и својот ум и го тренирате на успех.”

Самодовербата се учи

„Исто како и во било која област во животот, жените мора да трпат и на крајот да ги надминат предизвиците на погрешната перцепција. Жените постојано се критикуваат кога се работи за физичкиот изглед. Поентата е да се занемари тоа што го зборуваат другите и потребно е да верувате во себе.”

Нека другите жени бидат ваша инспирација

„Мене ме инспирираат жените кои стигнале далеку во спортот. Кога ќе видам како се бореле тие, се застапувале себе си и своите ставови, тоа ме поттикнува да продолжам понатаму…“

Најдете пример

„За мене пример беа Били Џин Кинг и Мартина Навратилова кои постигнаa толку многу во спортот. Тие женскиот тенис го подигнаа на нивото на машкиот тенис“.

Натпреварувајте се самите со себе си, не со светот околу вас

„Како професионален спортист мојата натпреварувачка способност е на висок ранг. Но јас избирам да се натпреварувам самата со себе си, секогаш да се победам себе си и да станам уште подобра“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП