2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТирана и Лондон потпишаа договор за избегнување од двојното оданочување

Тирана и Лондон потпишаа договор за избегнување од двојното оданочување

london-albanija

Албанија и Велика Британија потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување и за борба против затајувањето даноци.

Договорот го потпишаа албанскиот министер за финансии Ридван Боде и британскиот амбасадор во Тирана Николас Кенон.

Боде истакна дека физички лица и фирми на двете земји ќе бидат ослободени од двојно оданочување, а договорот предвидува уште и соработка во борбата против нелегалната трговија и затајувањето даноци.

– Водечки британски компании разгледуваат проекти за развој на природните ресурси во Албанија, изјави британскиот амбасадор, нагласувајќи ја неопходноста од создавање привлечни инвестициски услови во земјата. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар