7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 работни места на иднината

10 работни места на иднината

internet_FI

Неодамна пишувавме за работните места кои ќе бидат се помалку барани, а сега Ви го претставуваме спротивното, односно професиите на иднината, кои ќе бидат се повеќе барани, а некои од нив веќе може да се најдат на пребарувачите.

На интернет страните за работа може да се најдат работни места кои не постоеа во последниве неколку години, од места кои се фокусирани на одржливост до кариера во управување на технологиите во иднина.

Новите технологии, како дроновите, роботиката и виртуелната реалност, претставуваат безбројни можности, како за веќе етаблираните компании, така и за „стартаповите“ да постигнат успех доколку се вклучат во вистински момент.

Следниве професии се пример за вложување во кариерата:

– Сертифициран пилот на беспилотни летала

– Дизајнер на 3D печатена облека

– Архитект на проширена (виртуелна) реалност

– Управител на сопственото количинско проценување (наместо личен тренер)

Се повеќе компании се фокусираат на намалување на емисијата на јаглерод-диоксид и создавање на енергетско-ефикасна иднина, значително се зголеми бројот на работни места кои се поврзани со чувањето на животната средина.

Еве неколку видови на професии кои би можеле да ги работат личности кои имаат интерес за кариера за одржливоста:

– Урбан планер на „паметен“ град

– Работник во лабораторија за тестирање на паметни мерачи

– Архитект на паметни мрежи

Познавање на податоците може да резултира со големи бизнис можности. Аналитичарите на податоци и професионалците кои ја познаваат модерната пракса и концептите, како маркетинг во друштвените мрежи, имаат предност пред конкуренцијата.

Еве неколку кариери кои додаваат технолошки елемент на традиционалните работни места:

– Архитект на голем број на податоци

– Експерт за алтернативна валута

– Управител на „е-продажба“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП