11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ќе ѝ помогне на Турција во забрзување на преговорите со ЕУ

Меркел ќе ѝ помогне на Турција во забрзување на преговорите со ЕУ

germanija-tircija

Германија е подготвена да и помогне на Турција во забрзување на пристапните преговори со Европската унија, изјави во неделата германската канцеларка Ангела Меркел, проширувајќи ја поддршката за Анкара во замена за турската помош во запирањето на бранот бегалци кој се движи кон Европа.

„Како можеме да го организираме подинамично процесот на пристапување?“ – запраша германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. „Германија е подготвена оваа година да се отвори поглавјето 17 и да се подготват поглавјата 23 и 24. Можеме да разговараме за поединостите“, додаде Меркел.

Давутоглу дополни дека се договорил со Меркел за забрзување отворање на некои преговарачки поглавја, како и дека Турција очекува забрзување на процесот на пристапувањето кон ЕУ, како и дека напредокот веќе е постигнат во разговори за ублажување на визниот режим за Турците кои патуваат во ЕУ.

Турција е подготвена да соработува со Германија во спречувањето на илегалната имеграција, што е приоритет, рече Давутоглу, но истакна дека кризата не може да се реши без завршување на војната во Сирија. Германската канцеларка изјави дека е во интерес на двете земји тој конфликт да биде запрен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП