4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанките во Кипар од денес продолжуваат со работа

Банките во Кипар од денес продолжуваат со работа

banki-kipar

Филијалите на кипарските банки во Грција денеска ќе ги отворат своите врати, откако вчера беше потпишан договор во вредност од 524 милиони евра за нивно преземање од страна на грчката „Пиреус Банка“.

Во соопштението на Грчката централна банка се наведува дека договорот ја гарантира стабилноста на банкарскиот систем, помага за надминување на финансиската криза на Кипар и обезбедува гаранции за штедачите, клиентите и вработените од преземените филијали на трите кипарски банки во Грција – „Кипарската народна банка“, „Банката на Кипар“ и „Грчката банка“.

Трансферот на кипарските банки, кои покриваат 10 отсто од банкарскиот пазар во Грција, е предвиден со договор за спан на Кипар, со цел да се избегне масовното повлекување пари од штедни влогови во Грција и да се ограничи кревкиот банкарски сектор на островот.

– Банкарскиот систем на Грција е апсолутно „херметизиран“ по оваа зделка, истакна грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП