12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: 13.500 лица ќе бидат опфатени со Оперативниот план за вработување за...

Пешевски: 13.500 лица ќе бидат опфатени со Оперативниот план за вработување за 2016

vvll

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои 8.700 ќе бидат директно вработени.

За реализација на Оперативниот план ќе бидат инвестирани 710 милиони денари. Ова денеска го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Министерството за труд и социјална политика.

Како што појасни Пешевски, станува збор за осмиот по ред Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2016, што го усвои Владата на последната седница. Планот се состои од 28 мерки и обуки кои се достапни на сите невработени лица активни баратели на работа евидентирани во АВРМ, а во чие креирање беа вклучени тимови од повеќе институции, експерти и меѓународни партнери и организации како УНДП и УСАИД.

„Главниот фокус на Владата во програмата за работа е токму намалувањето на невработеноста. Од 2007 година со спроведување на низа комплементарни економски и социјални владини политики и мерки успеавме невработеноста од рекордните 38 проценти да ја сведеме на 26,8 проценти односно да ја намалиме за повеќе од 11 проценти. Во изминатите години преку остварување на мерките и услугите остварени се вработувања на преку 40 илјади лица од коишто на работните места се уште се преку 36 илјади лица“, рече вицепремиерот Пешевски.

Посочи дека за користење на мерките и услугите од Оперативниот план досега има преку 87 илјади апликации, а средствата издвоени за спроведување на досегашните планови се над 2 милијарди и 390 милиони денари или преку 39 милиони евра.

Основен фокус и на овој план, нагласи, е ставен на младите лица до 29 години чие учество ќе биде до 30 проценти во сите мерки, а се продолжува и тенденцијата во сите мерки да има рамноправна застапеност и на женскиот пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП