23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата најавува изградба на нов студентски дом

Владата најавува изградба на нов студентски дом

sc

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски најави изградба на нов студентски дом во Скопје.

„Донесовме одлука и во рамки на Градот Скопје ќе се гради нов студентски дом. Следните денови ќе биде соопштена и предлог локацијата каде ќе се гради овој студентски дом, комплетно нов со нови сместувачки капацитети. Постојат варијации меѓу 500 и 1000 студенти“, изјави Ристовски на трибина на тема „Образованието и образовните реформи и процеси во Република Македонија“ во организација на институтот „Павел Шатев“.

Според него, Владата во изминатите неколку години се обидува да ја корегира состојбата во која се наоѓаат студентските домови.

„Во рамки на студентските домови со децении не беше ништо инвестирано. Имаме состојба во која во изминатите години приближно пет милиони евра инвестиција во реконструкција и санација на домовите. Ние како Влада за прв пат по без малку 40 години изградивме нови сместувачки капацитети, во студентскиот дом „Стив Наумов“, каде приближно два милиони евра се инвестирани. Минатата година ветивме и започнавме со темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Правиме напори да го забрзаме целиот процес, реконструкцијата започна со блокот „Б“ и таа комплетно се заврши, се изработува мебелот за секоја соба поединечно за 14 ката. Очекувам во наредните недели да започнеме со дистрибуција на мебелот и студентите да почнат да се префрлуваат од блокот „А“ во блокот „Б“. Блокот „А“ целосно ќе се затвори, набрзо ќе биде распишан тендер и ќе започне и неговата реконструкција. Истовремено избрана е компанија која работи на изготвување проект за реконструкција и санација и на останатите два блока од „Гоце Делчев“, како и на мензата. Идејата и е во наредните месеци да се доврши комплетната реконструкција“, истакна Ристовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП